четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: „Мадам Тисо“ ги одвои восочните фигури на Меган и принцот Хари од кралското семејство

ФОТО: „Мадам Тисо“ ги одвои восочните фигури на Меган и принцот Хари од кралското семејство

Познатиот лондонску музеј на восочни фигури „Мадам Тисо“ ги одвои фигурите на принцот Хари и Меган Маркл од останатиот дел од кралското семејство.

Ваквиот потег на Музејот следува по нивната објава дека се повлекуваат од кралските должности.

Фигурите на Хари и Меган веќе не се дел од колекцијата на восочни фигури заедно со кралицата Елизабета Втора и принцот Филип и принцот Вилијам со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Во Музејот се исложени фигури на 250 истакнати личности во светот.

Најнови вести