вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меган веќе нашла нова работа- откриено што ќе прави со заработката

Меган веќе нашла нова работа- откриено што ќе прави со заработката

Првата работа на Меган надвор од кралството веќе е позната.

Војвотката од Сасекс и сопруга на британскиот принц Хари, Меган Маркл се согласи да го сними својот глас за Дизни, а продукциската куќа за возврат ќе донира средства во добротворното здружение за заштита на слоновите, објави лондонскиот Тајмс.

Меган и Хари го шокираа кралското семејство во средата, кога неочекувано најавија дека се откажуваат од кралските должности со цел да поминат повеќе време во Северна Америка и да „станат финансиски независни“.

Тајмс не откри за кој лик Меган ќе го даде својот глас, но објави дека Дизни за возврат ќе донира средства во добротворното здружение „Elephants Without Borders“.

Тајмс не го наведе изворот на информацијата, а Дизни и портпаролот на Меган се уште не ја коментираа оваа информација.

Најнови вести