среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиоски: Во партијата на аболицираниот Заев децата на кодошите си ги амнестираат своите предци!

Илиоски: Во партијата на аболицираниот Заев децата на кодошите си ги амнестираат своите предци!

Партијата на аболицираниот Зоран Заев сега прави аболиција на кодошите. Децата на кодошите си ги амнестираат своите предци, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнува Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со СДСМ, Македонија стана единствена држава во Европа во која нема лустрација на кодошите на комунистичкиот режим, кои цели кариери изградија врз база кодошење на македонските патриоти, но и недолжни граѓани. Република Македонија е единствена држава во Европа, во која кодошите на комунистичкиот режим кои местеа луѓе и уништуваа човечки судбини, наместо осуда, за тоа ќе добијат и пари од државата. СДСМ им овозможува на десетици кодоши кои зацрнија цели семејства, сега да добијат пари од буџетот, кој го полнат децата на некогашните нивни жртви. Во ЕУ не се оди со остатоците од комунизмот преобразени во демократи. Соработник на режим, не може да биде демократ, потенцира Илиоски.

Тој додава дека Македонија наместо европска држава станува како Северна Кореја каде со декрет на Заев се простува тоа што го правеле соработниците на тајните служби.

-Законот кој што СДСМ го предлага е во целосна спротивност на европските вредности и демократските принципи и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи. Одговорност за кодошите мора да има. И морална и политичка, вели Илиоски.

Најнови вести