Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2020 година, ова денеска го информира Регулаторната комисија за Енергетика.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,877 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.01.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 40,424 ден/кг.