Поддршка за македонските ракометари од Пацификот.
Интересно видео се појави на социјалните мрежи по повод вечерашниот меч на македонската ракометна репрезентација со домаќинот Австрија.
На видеото кое е снимено на брод пловејќи по Пацификот се гледа и слуша како странци извикуваат дека „Ние сме Македонија“ и дека „Една е Македонија“.
Инаку капетанот на бродот според нашите информации е токму Македонец кој е и иницијатор на ова интересно видео во кое се дава поддршка за Македонија.