недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија по прва мундијалска победа на СП

Македонија по прва мундијалска победа на СП

Македонската ракометна репрезентација откако не успеаја да ја мине групната фаза и беа поразени во трите дуели против Норвешка, Холандија и Аргентина, ќе разигруваат за пласман од 25 до 32 место на Мундијалот.

Денешен ривал на Македонија ќе биде незгодната селекција на Алжир, која во групната фаза беше поразена од Србија, Катар и Германија.

На денешната програма на Светското првенство ќе бидат одиграни шест натпревари од главната фаза. Свој настап ќе имаат репрезентациите кои се наоѓаат во 3-та и 4-та група.

Холандија, која во главната фаза пренесе два бода, денес силите ќе ги одмери со репрезентација на Катар.

Избраниците на Штафан Олсон доколку сакаат да ги задржат шансите за пласман во четвртфиналето ќе треба да победат во дуелот со репрезентацијата од Азија.

Истата ситуација важи и за селекцијата на Србија. Избраниците на Тони Херона во вечерниот термин од 20:30 часот одат на мегдан со селекцијата на Норвешка.

Србија во главната фаза влезе со два, додека Норвешка со четири бода, па доколку ракометарите на Јонас Виле триумфираат против ,,орлите”, тогаш со една нога ќе бидат во четвртфиналето.