Бог се јави! Нека е на помош чесниот крст, браќа и сестри по вера, порача Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Оваа година нека ни биде година на победи, да биде година на обнова, да престанат неправдите, да престанат понижувањата, да престане срамот. Да ги вратиме гордоста и достоинството , вербата и насмевката кај секој Македонец. За многу години, посочи тој.