понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колариќ: Документот за стратегија со акциски план за здравје и животна средина остана затворен во фиока во владата на СДСМ

Колариќ: Документот за стратегија со акциски план за здравје и животна средина остана затворен во фиока во владата на СДСМ

Имав среќа да бидам дел од подготовка на една стратегија со акциски план за здравје и животна средина која што беше направена некаде за период од 5 години. Станува збор за еден мултидисциплинарен тим, интерсекторски каде што беа вклучени повеќе министерства, повеќе институции и тој документ го виде својот завршеток во 2016-та година, изјави Светлана Колариќ, советник во градскиот совет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во денешната емисија “Детектор” на Сител телевизија.

-Не беше усвоен од претходната влада и остана за жал во фиока на постоечката влада на СДСМ. Тоа значи дека документ, односно стратегија со акциски план каде што беа опфатени повеќе области кои што имаат индиректно или директно влијание за квалитетот на воздухот, а пред се индиректно за здравјето на граѓаните остана затворен во фиока, рече Колариќ.

Најнови вести