Денеска е Собор на св. Јован Крстител.
Свети Јован Крстител го претскажал Христовото доаѓање и го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Свети Јован, според преданијата, живеел едноставен и аскетски живот, хранејќи се со инсекти и мед од диви пчели, а се облекувал во наметки од влакно од камила. Во реката Јордан го крштевал секој кој ќе се покаел.
Отсечена му е главата по налог на римскиот управител, Ирод Антипе во време на проектератот над Палестина.
Верниците многу често го даваат името Јован на своите деца и кај православните и кај католиците. Православните слават и куќна слава Свети Јован, а католиците најчесто слават именден.
Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Богојаавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус.
Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.