вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утре ново задолжување од 93 милиони евра

Утре ново задолжување од 93 милиони евра

На официјалната интернет страна на Министерството за финансии стои дека утре е планирана нова аукција на државни хартии од вредност.

Имено, Министерството за финансии ќе се задолжува за вкупно 5.725.000.000 денари или вкупно 93 милиони евра.

Ова е трето задолжување во рок од три недели, откако претходната недела државата се задолжи 56 милиони евра, а пред тоа 33 милиони евра.

Планирана е аукција на 3 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1.000.000.000 денари потоа 2 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 600.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4.125.000.000 денари.

Дополнително, само од почетокот на оваа година вклучително и задолжувањето закажано за утре владата ја задолжи Македонија и нејзините граѓани за огромни 818 милиони евра.

Владата на Република Македонија и Министерството за финансии вртоглаво се задолжуваат. Притоа само од седнувањето на владејачката фотелја владата ги задолжи македонските граѓани за 1,5 милијарди евра и тој долг непрекинато расте.

Од кога дојде на власт владата на чело со СДСМ во овие 9 месеци не изгради ниту еден капитален проект.

Владата на Република Македонија кога беше опозиција жестоко ги критикуваше задолжувањата додека сега кога е на власт се задолжува континуирано и без никакви резултати во смисла на капитални инвестиции.

Експертите велат дека со вакво прогресивно темпо на задолжување при отсуство на капитални и развојни инвестиции кои би значеле поврат на парите и долгорочен бенефит за државата економијата ќе доживее колапс.

Најнови вести