понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Не смееме да дозволиме изигрување на волјата на граѓаните како што беше случај со референдумот

Арсовски: Не смееме да дозволиме изигрување на волјата на граѓаните како што беше случај со референдумот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 нагласи дека техничката влада е формирана за да се обезбедат фер и демократски избори се со цел да не се изигра волјата на граѓаните како што тоа беше случај со референдумот кога се евидентираше гласање на секои 4 секунди а на некои места и гласање на 2 секунди што е невозможно.

-Техничката влада која што во моментот функционира е за да се обезбеди фер и демократски избори, поточно да нема гласање на секој 4 секунди како што беше случај за референдумот што се гледаше дек е невозможно и претставува изигрување на волјата на граѓаните, вели тој. Според Арсовски и покрај опструкциите од владата и министрите на СДСМ, техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ како и дополнителните министри ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните. Од самиот почеток има опструкции од страна на остатоците од Зоран Заев врз техничките министри и замениците министри, поточно не обезбедување на основни услови за работа како што беше примерот за не обезбедување на канцеларија за работа, забрана за комуникација со дополнителниот заменик министер за финансии од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска и слични такви работи. Но, морам да признам дека и покрај сите опструкции ние се ќе направиме да воочиме каде се грешело, истакна Арсовски.

Најнови вести