Вие, господине Макрадули, кој само по потреба се нарекувате битолчанец, по кој знае кој пат идите во Битола и терате партиска агенда, наместо да си ја работите својата работа, како заменик министер, во ресорот за екологија, ова денеска на прес-конференција го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.
-Повторно во функција на предизборен политички популизам денес во Битола ден губите, а битолчани и натаму се соочуваат со страшни болести и смртност, како последица на загадениот воздух. Не ги потценувајте битолчани, зашто иста лага два пати не поминува, ниту во приказните. Колку пати,вашиот сега бивш премиер Заев, вашата колешка Шекеринска, па и поранешниот потпреседател на владата Анѓушев, заедно со вас, во овие три години дрско лажевте и рековте: ќе почне реконструкцијата на електростатските филтри во РЕК, ќе отпочне постапката, почнува од понеделник, за на крајот да пропадне тендерот и да нема ништо од тоа! Прашајте ја градоначалничката Наташа Петровска, дали е точно дека одделува само 0,24 проценти за Програмата за животна средина од досега најголемиот буџет од над две милјарди денари и што друго направила во градот, кој само во првиот месец од годинава што ја почна има едвај неколку денови без загаден воздух, прашајте ја, или имате заедничка вина, зошто едната мерна станица долго не работи, да ви одговори господине Макрадули, што спровела од ЛЕАПОТ и што реализирала од Планот за чист воздух. Ова што вие денес го правите е класична злоупотреба на функцијата која што во моментов ја вршите и со парите на граѓаните терате предизборна кампања на СДСМ. Ама, да бидете сигурен тоа ви е бадијала, зошто одамна не врват лагите и манипулациите со кои се расфрлате, велат од партијата.
Од таму додаваат дека политичката казна на ова што го правите ќе ја добиете на 12ти април, а за морална одговорност, сам си знаете и можеби конечно ќе престанете да им се продавате од Скопје на битолчани.
-Обновата на Македонија и Битола ќе ја донесат граѓаните на 12ти април, со што ќе ги испратат политичарите како вас, кои наместо за екологија, за што сте платени со народни пари, ја користите позицијата, во само година и пол да и договорите тендер од 90 илјади евра на сопругата, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.