Дополнителниот заменик министер за информатичко општесство, Невенка Стаменковска Стојковски денеска оствари средба со вработените од Секторот за комуникации, при што заеднички беше констатирано дека е потребно вистинско вложување во високо стручен кадар кој најодговорно и професионално ќе одговори на предизвиците кои следуваат а се поврзани со Стратегијата.
-Денес бевме на посета во Секторот за комуникации каде се сретнавме со вработенитe. Накратко ни беа образложени предизвиците кои следуваат при имплементација на мерките и активностите со кои е предвидено да се постигнат националните бродбенд таргети, објави на својот Фејсбук профил дополнителниот заменик министер за информатичко општесство, Невенка Стаменковска Стојковски .
-Имајќи ја во предвид важноста за спроведување на надлежностите на овој Сектор, заеднички констатиравме дека е потребно вистинско вложување во високо стручен кадар кој најодговорно и професионално ќе одговори на предизвиците кои следуваат а се поврзани со Стратегијата, вели во својата објава Стаменковска Стојковски.