Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, на Фејсбук објави видео во кое го навредува претепаниот Демо Исмаил, кој пак го тужеше поради физички напад во хотелот Александар Палас.
-Демо да не глуми голем хуманитарец, да не се прави наудрен зошто кога беше во Шутка ќутеше како да не кажам што, крајот му го немаше. Дури бил задоволен од пресудата. Големиот маж Демо не е маж, за мене тој е жена, вели Дудуш во видеото.
Инаку, Судот пресуди во корист на Демо, а Дудуш се извлече со опомена.
Градоначалникот на Шуто Оризари од СДСМ во петокот беше осуден за претепувањето на Исмаил, но мина само со „судска опомена“ за стореното кривично дело. За да биде скандалот уште поголем, во судницата, градоначалникот призна вина и рече дека жали за стореното.
Нападниот Исмаил не се помири со пресудата и најави дека и покрај признанието на вина, во друг судски спор ќе бара оштета од Дудуш и најави дека парите ќе ги донира во хуманитарни цели.