вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Другите две блиндирани возила на МВР биле многу стари, се чекало и до два месеци за делови

Другите две блиндирани возила на МВР биле многу стари, се чекало и до два месеци за делови

Сведокот на Влатко Ѓошевски началник на возниот парк на МВР задолжен за одржување и менаџирање на возилата на Министерството на денешното рочиште изјави дека другите две блиндирани возила кои ги поседува МВР се многу стари и во многу ситуации се чекало од 30 до 60 дена за испорака на делови.

Немало делови на лагер бидејќи се работи за многу стари возила и за тие се чекало да се произведат во фабриката, и чинеле многу скапо.

Тој исто така кажа дека фабриката се обврзувала за старите возила да произведува резерни делови најдолго до 20 години, а истите биле прозиведени околу 1996-та. Посочи дека се случувало често на конкретни задачи да се појави дефект.

Гаранцијата која производителот ја дава за ваков тип на возила е три до пет години. Во Германија на пример од овие причини сите блиндирани возила владата ги продава по истекот на 4 до 5 години. Сведокот посочи дека како служба често имале потешкотии заради недостаток на вакви возила.

Ова особено се случувало во ситуации кога во посета на Македонија доаѓало повеќе од едно ВИП лице. Многу често знаејќи за недостатокот на вакви возила самите гости во Република Македонија носеле од надвор блиндирани возила што секако е многу непријатно за угледот на државата.

Најнови вести