понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерката Мизрахи се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

Министерката Мизрахи се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

Односите меѓу Италија и нашата држава се солидни, но постојат конкретни услови за нивно подобрување, констатираа на денешната средба министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи и амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео.

На средбата, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, уште еднаш беа потврдени врските кои ги соеднуваат двете земји и беше истакната поддршката на Италија на нашиот еврионтеграциски процес. Република Италија, како што се наведува, отсекогаш била еден од нашите главни поддржувачи на патот на интеграција кон евроатлантските институции и тоа преку неопходниот внатрешен реформски процес.

Министерката Мизрахи посочила дека двете држави се поврзани и со успешно спроведување на Договорот за социјална сигурност потпишан меѓу двете земји во 2014 година, кој меѓу другото вклучува задолжително пензиско и здравствено осигурување. Договорот се применува на граѓаните од двете држави и е од ислкучително значење бидејќи им дава сигурност на граѓаните кои престојуваат во другата држава.

Амбасадорот Ромео соопштил дека двете држави имаат значајна традиција на соработка на политичко, економско и културно поле и цврсти билатерални врски окарактеризирани со бројни средби и институционални посети на највисоко ниво. Ромео, како што се наведува во соопштението, ја потврди и поддршката на процесите во Министерството за труд и социјална политика кои се во правец на унапредување на системот за социјална и детска заштита. (МИА)

Најнови вести