петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски го праша Жбогар: Зошто ЕУ не реагира на злоупотребата на европско знаменце за Законот за марихуана?

Милошоски го праша Жбогар: Зошто ЕУ не реагира на злоупотребата на европско знаменце за Законот за марихуана?

Пратеникот Антонио Милошоски го праша евроамбасадорот Жбогар зошто ЕУ молчи кога власта во Македонија го злоупотребува европското знаменце, дури и за донесување на законот за марихуана. Прашањето е поставено за време на расправата во Комисијата за европски прашања, на која Жбогар и беше гостин.

–Точно е пропишано кај нас за што се употребува европското знаменце, но Владата го злоупотребува дури и за донесување на законот за марихуана, а делегацијата молчи за тоа, праша Милошоски.

Евроамбасадорот Жбогар, кој претходно имаше обраќање во кое зборуваше за перцепцијата врз општествената констелација во државата и побара партиите да ги смират предизборните тензии, одбегна да одговори на ова конкретно прашање на пратеникот, кое ја засега ЕУ, особено што се работи за држава која сака да стане член на европското семејство.

Најнови вести