Интегрален текст од изјава на Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ:
„Власта во заминување е на пат да даде 2 милионски бонбона бизнис на фирма блиска до власта.
СДСМ распишува милионски тендер за набавка на оброци за вработените во РЕК Битола и РЕК Осломеј, работа која до сега ја вршеше ЕЛЕМ Турс, фирма ќерка на АД ЕЛЕМ, по цена од 3 евра по оброк.
Доколку се земе како основна сегашната цена од 3 евра по оброк, доаѓаме до сума високи од 5.400 евра на ден, или 162.000 евра на месечно ниво, односно 1.944.000 евра на годишно ниво. Тоа се 2 милиони евра кои наместо во државната каса ќе заминат на сметка на некоја фирма блиска до СДСМ.
Досега оброкот го опслжуваше ЕЛЕМ Турс, само со една единствена цел да се обезбеди квалитетен и ефтин оброк за вработените во рудниците и термоелектраните на АД ЕЛЕМ, а воедно и обезбедвање плата за вработените во ЕЛЕМ ТУРС.
Сега овој бизнис ќе замине во приватни фирма блиска до актуелната власт!
Со приватизацијата на производството на оброци се одзема еден приход од кој вработените во ЕЛЕМ Турс вадат плати и е само чекор кон затворање на ова претпријатие и оставање на 200 вработени на улица, тоа се 200 фамилии без леб.
Дали приватизацијата на делот со оброците е со цел затворање на ЕЛЕМ Турс и понатамошно раскрчмување на неговиот имот, како скијачкиот центар Попова Шапка, Авто кампот Ливадишта и објектот во Мавровo Анови!?
Дали преку ЕЛЕМ Турс се спрема новиот бонбона бизнис на власта во заминување и кој треба да се офајди!?
Дали фирмата која треба да го добие тендерот е под директен налог на Васко Ковачески?!
Дали таа иста фирма е во сопственост на актуелен советник од СДСМ во Битола?
Дали имаме уште еден криминал во најава!? Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. Заев никогаш повеќе!
<iframe width=”1195″ height=”672″ src=”https://www.youtube.com/embed/-FVv3hPgzeE” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>