Агенцијата за администрација е од стратешко значење за реформата на јавната администрација и за регрутирање и компетентна администрација, нејзината функција е да испорача професионални услуги за граѓаните, административните службеници и јавниот сектор, ова денеска во изјава за медиумите го истакна дополнителниот заменик министер за информатичко општество Невенка Стамнековска- Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Преку организација на постапките за селекција на кандидати за административни службеници спроведување на испитот за административно управување и остварување на правната заштита на административните службеници во втор степен, Агенцијата за администрација треба да овозможи развој и одржливост како и професионална и сервисирана администрација и квалитетна правна заштита за правата на административните службеници во втор степен, вели Стаменковска- Стојковски.
Таа додава дека денеска остварила состанок со директорот на Агенцијата за администрација и заменик директорот при што дискутирале за објавувањето на огласи за вработување на административци како и организацијата на постапките за административни службеници, постапување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен како и спроведување на испитот за административни службеници и испитот за административно управување.
Целата прес-конференција можете да ја погледнете во продолжение: