Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски побара од Обвинителството конкретно да каже каква гардероба е одземена при претресот во неговиот дом. Тој објасни дека во објаснувањето на Обвинителството само е наведено дека се одземени вреќи со гардероба, но не и за каква конкретно и од кои марки.
Обвинителката Вилма Русковска објасни дека кога ја одземале гардеробата тоа било невозможно да се направи.
-Кога гардеробата се предаваше во агенција за одземенен имот наведено е за какви марки се работи, вели Русковска.
Боки: Оставен сум без парче гардероба, барам да се донесе во судот
Перници „Зебрано“, лустер, огледало, телевизор со заоблен екран, уметнички слики од Мартиновски и Личеновски, гарнитура, ламба, одзело Обвинителството од домот на Бојан Јовановски.
Од гардероба пак се одземени 77 пара пантолони, 15 пара папучи, 50 капути, 30 тренерки, 15 каиши, 50 кошули. Одземени се и ланче, брошеви, 80 пара наочари, мажетни и украси „Сваровски“…
Јовановски и неговиот адвокат бараа облеката да се донесе како доказ на суд но судијката тоа не го дозволи.
-Оставен сум без парче гардероба и тоа е преседан, рече Боки.
За потсетување, еве како се облекуваше Боки 13 и која гардероба си ја бара назад.