понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По заканите од Боки 13 до Рускоска: Пронајдена Луј Витон чанта во домот на Катица Јанева?!

По заканите од Боки 13 до Рускоска: Пронајдена Луј Витон чанта во домот на Катица Јанева?!

Аголна гарнитура, две фотељи, дрвена клуб маса, кожна чанта Луј Витон се дел од одземените предмети од домот на поранешната специјална обвинителка откако минатото лето беше осомничена во случајот Рекет.

Од домот на Јанева на улицата „Стрезова“, бил одземен и мобилен телефон, лап топ, две USB. Со претресот била опфатена и канцеларијата на Јанева во СЈО.

Од таму биле одземени лап топ, ДВД рекордер, два надворешни хард дискови, 9 USB, документи за истрага, отпусно писмо за болничко лекување како и фискална сметка за истото.

Инаку во доказите за предметот Рекет се и снимките кои ги објави италијанскиот медиум.

Извор: СИТЕЛ

За потсетување, пред неколку дена во судот Боки 13 обвини дека обвинителката Рускоска проневерила 4 милиони евра.

-Сакам да ве известам за некој важни ситуации во овој предмет. За да не се повторувам, дека од ден во ден мојата здравствена состојба е полоша. Во едно од моите писмени известувања имам пратени писмо и до шефот на ОЈО Љубомир Јовевски. Главното прашање пред овој суд се неколку работи: Се чувствувам како најобесправено лице кое го дише најзагадениот воздух во земјава и за нив судот има подруги ставови. Се чувствувам како заложник од мрачни сили. Од шефот на ОЈО ми беше советувано се да кажеме во суд. Каде да поднесам 19 пријави, меѓу нив и против Вилма Рускоска. Дали лицето Вилма Русковска да го пријавам кај обвинителката Вилма Русковска? Каде да го пријавам лицето Вилма Русковска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази,праша Јовановски.

Најнови вести