Првите два километри од автопатската делница од Скопје-Блаце треба да се изградат за 42 месеци, односно три и пол години.
Вредноста на склучениот договор, со вклучен ДДВ, е 881.742.867 денари или околу 14,3 милиони евра.
Ќе се гради како што ќе се ослободува теренот со експропријацијата, а јавното претпријатие Државни патишта ќе му плаќа авансно.
За автопатот Скопје-Блаце долг 12,5 километри обезбедени се 120 милиони евра – 70 се кредит, 27 грант, а остатокот државни пари.
Со ова темпо, автопатската делница ќе биде изградена за 21 година и 8 месеци.