понеделник, 26. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Калајџиев до Калеска Ванчева: Новиот Закон нема врска со Обвинителство

Калајџиев до Калеска Ванчева: Новиот Закон нема врска со Обвинителство

Немаше потреба од менување на Законот, и тоа со измислена теза која ја пласирате неколку пати, и` рече професорот Гордан Калајџиев на пратеничката од СДСМ Снежана Калеска Ванчева, при гостувањето на „Вин вин“.

Калајџиев додаде дека новиот закон нема врска со обвинителство и ниедна одредба не менува врзана со ЗКП.

-А, кадровски зошто има истражни центри прашајте го вашиот републички обвинител, нагласи Калајџиев до Калеска Ванчева.

Калајџиев зборуваше и за законот за јавно обвинителство и на пратеничката и укажа дека СДСМ се откажа од Специјалното јавното обвинителство затоа што тие како партија не прифаќале друг човек освен Катица Јанева да го предводи ова обвинителство.

-Вие се откажавте од СЈО затоа што не прифаќавте друг човек освен Катица Јанева на чело на СЈО, и порача Калајџиев на пратеничката од СДСМ, Калевска Ванчева.

Најнови вести