недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ново рочиште за „Рекет”, продолжува презентирањето на материјалните докази

Ново рочиште за „Рекет”, продолжува презентирањето на материјалните докази

Судскиот процес за предметот „Рекет“ продолжува денеска со презентација на материјалните докази. На последното рочиште за овој предмет се читаа и се презентира наредби и извештаи од одземените предмети при претресите во домовите на обвинетите Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, односно во домот на осудениот Зоран Милевски-Кичеец.

Јавноста имаше можност да слушне дека при претресот извршен во домот на Боки 13 времено се одземени многу предмети, гардероба и мебел, додека од домот на обвинетата Јанева, како што информира обвинителката Ирена Трајчева, се одземени лаптоп, УСБ-стикови и други предмети.

По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и Јанева да ги презентира нивните материјални докази.

Најнови вести