петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бесплатна градинка за децата Роми во три општини

Бесплатна градинка за децата Роми во три општини

Уште во три општини децата од ромска националност од семејства во социјален ризик добиваат можност за поголемо вклучување во предучилишното образование.

Во програмата „Инклузија на деца Роми во предучилишното образование“ се вклучуваат и општините Неготино, Струмица и Кавадарци, со што престојот на децата во градинките ќе биде ослободен од партиципација, за децата чии семејства се во социјален ризик. 

Над 450 деца Роми се веќе ослободени од плаќање партиципација за посетување на градинка. Ослободувањето го прават локалните самоуправи врз основа на блок дотaции коишто ќе ги добијат од Министерството за труд и социјална политика.

Целта на ослободувањето од партиципација е еднаква вклученост на сите деца во предучилишното образование, бидејќи раниот детски развој е многу важен за понатамошниот развој и едукација на секој поединец.

Најнови вести