среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Златески: Oва ли се проектите за младите кои ги промовираше градоначалникот Илија Јованоски?

Златески: Oва ли се проектите за младите кои ги промовираше градоначалникот Илија Јованоски?

Директорот на Центарот за социјална работа Прилеп, Дејан Тошески, инаку кадар на Миле Талески, е уште еден во низата промашени кадри на криминално-рекетарското здружение наречено СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Тој во екот на работното време на својот Фејсбук профил јавно сподели соопштение на агенција која се занимава со посредување за вработување на млади луѓе во Германија. На ваков начин Дејан Тошески им го покажува правиот пат на младите, ПРАВ ПАТ КОЈ ВОДИ ЗА ГЕРМАНИЈА! Oва ли се проектите за младите кои ги промовираше и градоначалникот Илија Јованоски? Впрочем што да очекуваат младите и граѓаните од човек кој своите деца ги згржи во странство, а овде лицемерно ветуваше враќање на иселените во Прилеп, истакна Никола Златески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Вака ли работите за враќање на оние 600.000 иселени луѓе кои со години ги споменувавте и редевте чевли пред владината зграда? Свесни ли се за вашето лицемерие и дволичност? Затоа што ако вие не сте, граѓаните целосно се свесни и многу добро проценија со кого си имаа работа изминатите 3 години, посочи тој.