четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕЛЕМ врши мобинг врз вработени а должи на Синдикатот над 13 милиони денари

ЕЛЕМ врши мобинг врз вработени а должи на Синдикатот над 13 милиони денари

Гранскиот синдикат, Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката, рударството и индустријата на Република Македонија (ССЕРИ), во кој членуваат синдикалните организации од најголемите енергетски компании АД ЕСМ (ЕЛЕМ), АД МЕПСО И ТЕЦ Неготино, кој е дел од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, од страна на раководствата на овие компании во последниве две години се соочи со грубо кршење на меѓународните конвенции, Уставот на РМ, Законот за работни односи, Колективните договори и другите акти на синдикатот, но и со мешање и упад во синдикалното делување и организирање во синдикалните подружници и синдикалните организации.

Ова непочитување најмногу беше изразено во Синдикатите во АД ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), каде што имаше директно мешање на Управниот одбор и директорите на сите подружници на АД ЕСМ, кои што под присила и закани ги тераа работниците да се зачленуваат во ,,нивниот новоформиран синдикат“. Но, не само тоа, раководството на АД ЕСМ со донесена одлука на Управниот одбор на 05.02.2018 год., забранија дејствување на дотогаш единствениот репрезентативен синдикат во АД ЕСМ. Особено беше изразено во забраната за уплата на членарината и задршките на плата за земени кредити и стока на рати, за кои имаа склучено договори синдикатите на АД ЕСМ и кои треба да се плаќаат редовно од страна на синдикатот, како и повраток на членарините за последните 4 месеци на сите членови на синдикатот.

За овој проблем Синдикатот има поведено повеќе судски спорови и скоро сите спорови Основните судови ги пресудуваа во корист на Синдикатот, но секогаш се одеше на тоа да се изврши притисок врз судството од страна на власта, особено на Апелациските судови, кои без никакво образложение пресудите повторно ги враќаа во Основните судови. Но, било која пресуда да се донесе спротивно на првобитната тогаш би се прекршувале сите законски прописи и така во повторените случаеви, Основните судови секогаш ја потврдуваа првобитната пресуда. На овој начин се направи огромна штета, не само на синдикалното дејствување, туку и на штета на АД ЕСМ (ЕЛЕМ) кој за сите пресуди би требало да плати на Синдикатот повеќе од 13 милони денари од сметката на ЕЛЕМ, односно тоа се пари од граѓаните бидејќи станува збор за државна компанија.

Но тоа не е конечниот износ, бидејќи во меѓувреме наплатени се средства од синдикатот кои беа доделени за проекти од страна на ЕУ комисијата и истите ги имаат повлечени извршителите за долгови кои ги имал синдикатот, но поради блокадата од страна на раководството на ЕЛЕМ, синдикатот не бил во можност навремено да ги плати. Тука станува збор за сума која е слична на споменатата или поточно станува збор за сума од повеќе 25 милиони денари народни пари за кои некој треба да сноси одговорност за причинетата штета.

Ова се тужбите кои Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македоја (ССЕРИ) во изминатиов период ги има поднесено против раководството на АД ЕСМ (ЕЛЕМ) за мешање во синдикалното организирање и неуплатување на средства по основ на членарини, по Колективниот договор и разни други основи. Во досегашниот период скоро сите пресуди се во полза на ССЕРИ, од кои една е извршна и секој момент треба да се префрлат средствата на сметката на синдикатот. Во понатамошниот текст правиме една ретроспектива на сите досегашни пресуди со износи и за штетата што е направена на АД ЕСМ (ЕЛЕМ) поради несовесното и незаконското работење на Управниот одбор наАД ЕСМ.

1. Извршна пресуда за синдикална подружница РЕК Битола- за долг од 066.511,00ден. дополнително треба да се уплати за камата околу 1.500.000,00 ден., 4.300.000,00 за членарината за 4 месеци која претходно им е вратена на вработените, трошоци за постапка околу 480.000,00 ден. и трошоци за извршител… Што значи направена штета од околу 6.300.000,00 ден плус трошоци за извршител.

2. Првостепена Пресуда за СО на АД ЕЛЕМ во износ од 20.000.000,00 ден. дополнително треба да се уплати за камата околу 4.000.000,00 ден., трошоци за постапка околу 300.000,00 ден. и трошоци за извршител… направена штета од над 4.300.000,00 ден плус трошоци за извршител доколку не се уплати навремено.

3. Првостепена Пресуда за синдикална подружница Енергетика – за долг од околу 500.000,00 ден. дополнително треба да се уплати за камата околу 100.000,00 ден., трошоци за постапка околу 77.000,00 ден. и трошоци за извршител… штета од околу 180.000,00 ден плус трошоци за извршител доколку не се уплати навремено.

4. Првостепена Пресуда за СО на АД ЕЛЕМ за мешање и попречување на синдикалното дејствување и обезбедување услови на синдикатот, има само трошоци за постапка околу 000,00 ден.

5. Првостепена Пресуда за синдикална подружница РЕК Осломеј – за долг од околу 300.000,00 ден. дополнително треба да се уплати за камата околу 400.000,00 ден.,околу 1.300.000,00 ден. за членарината за 4 месеци која претходно им е вратена на вработените, трошоци за постапка околу 190.000,00 ден. и трошоци за извршител… Направена штета од околу 1.900.000,00 ден плус трошоци за извршител доколку не се уплати навремено.

6. Првостепена Пресуда за синдикална подружница ФОД – за долг од околу 11.000,00 ден. дополнително се уплатени околу 60.000,00 ден., трошоци за постапка околу 85.000,00 ден. Направена штета од околу 150.000,00 ден.

7. Првостепена Пресуда за синдикална подружница ХЕЦ Тиквеш – за долг од околу 111.000,00 ден. дополнително треба да се уплати камата од околу 20.000,00 ден., околу 111.000,00 за членарината за 4 месеци која претходно им е вратена на вработените,трошоци за постапка околу 60.000,00 ден. Штета од околу 190.000,00 ден.

8. Првостепените Пресуди за синдикална подружница ХЕЦ Маврово и за синдикална подружница Дирекција на АД ЕЛЕМ не се се уште доставени.

Или вкупно направена штета од 13.020.000,00 денари од оваа сума до сега е налатено 6.300.000,00 денари

Покрај притисоците што беа во АД ЕСМ, последниве неколку месеци, особено по смената на Генералниот директор, се прави огромен притисок и врз вработените во АД МЕПСО, каде се инволвирани раководни лица на АД МЕПСО и неколку вработени меѓу кои се вработени последнава година и кои имаат високи партиски функции во СДСМ, како што се Претседатели на совети или советници на општини во Скопје, но и други вработени кои немаат раководни функции, со изговор дека тоа им била по наредба на Генералниот директор и ,,политичка задача“ за да го растурат долгогодишниот синдикат на АД МЕПСО, кој постои од основањето на компанијата. За овој проблем беше известен и Државниот инспекторат за труд и истиот се произнесе дека со насилното зачленување во новоформираниот синдикат, не може да биде истовремено и истапување од постоечкиот синдикат врз основа на содржината на Пристапниците каде стои,,Со зачленување во оваа синдикална организација истовремено истапувам од било кој синдикат“. Тоа всушност претставува кршење на основното право на работникот- слободата за организирање и здружување во синдикални организации. Ова најголем замав зема последниве денови каде раководството на ,,новоформираниот синдикат“ при гранскиот синдикат МЕСО (што е исто така чудно да синдикати од дејност енергетика членуваат во синдикат за дејност образование) вршат огромни притисоци (мобинг) врз сите членови кои имаат потпишано Пристапници запостоечкиот синдикатда потпишат Истапница, што е спротивно на ситемеѓународни конвенции, Уставот на РМ, Законот за работни односи, Колективните договори и другите акти на синдикатот.

Што се однесува пак за Синдикалната организација на ТЕЦ Неготино под притисок на раководството во ТЕЦ Неготино, без одлука на органите наСиндикалната организација на ТЕЦ Неготино, новоизбраниот Претседател самоволно пристапил во името на целото членство во МЕСО, без да потпишат Истапници од постоечкиот синдикат, но и без да потпишат Пристапници за синдикатот во МЕСО.

Воедно, од пререгистрацијата на Синдикалната организација на ТЕЦ Неготиноод ССЕРИ во МЕСО, која е направена на 22.01.2019 год. се користи исклучиво Колективниот договор кој го има потпишано претставникот на ССЕРИ, но сите привилегии што се однесуваат за односите меѓу работодавачот и синдикатот се применуваат САМО за синдикатот во МЕСО, за разлика од тоа што за синдикатот на ССЕРИ не се почитува ниту една одредба, односно не се прави задршкапо ниту еден основ и не се уплаќаат никакви средства.

Најнови вести