Вистински спектакл е одржан вчера на полувремето на 54. Супер боул, а централната улога ја имаат пејачките Шакира и Џенифер Лопез кои со својот сензуален настап без текст ги оставија присутните гледачи на трибините, но и оние пред малите екрани.
Првиот настап и припадна на Шакира која одлично ја подигна атмосферата, а дополнително ја вжешти Џеј Ло за која по спектаклот кој го приреди ретко кој прифаќа да поверува дека влегува во шестата деценија од животот.