петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Светски ден за борба против ракот

Светски ден за борба против ракот

Околу осум милиони луѓе секоја година во светот умираат од рак. Се проценува дека бројот на случаи со рак и смртните случаи од таа болест двојно ќе се зголеми во следните 20 до 40 години, информираат од Здружението „Борка – за секој нов ден“ кое денеска ќе го одбележи Светскиот ден за борба против ракот.

На одбележувањето ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, директорките на клиниките за радиотерапија и онокологија, хематологија и за детски болести, Нино Васев, Ирина Ставридис и Наташа Најдановска-Алулоска, волонтери на Здружението „Борка“ и пациенти.

Светскиот ден на борбата против ракот се одбележува  на 4 февруари, на иницијатива на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), која има за цел да се помогне да се спасат милиони и да се спречат смртни случаи секоја година со зголемување на свеста и едукација за ракот и придобивање на влади и поединци од целиот свет да преземат акција против болеста.

Најнови вести