Актерот Војин Четковиќ кој синоќа беше итно пренесен во Военомедицинската академија (ВМА) откако падна на премиерата на својот нов филм, е пуштен на дома, јавуваат српските медиуми.
Телеграф.рс јавува дека актерот по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Четковиќ најпрво бил пренесен на Ифективната клиника, а потоа на ВМА. Пред да падне имал висока температура и не се чувствувал добро.