Главниот маркетиншки трик на Заев помеѓу двата изборни круга беше метлата, тоа начинот на функционирање на Зоран Заев, моделот на владеење е “купи ден“ политика, тоа е страшното несериозно владеење на СДСМ. Тој гол популизам кој веќе е застрашувачки и е лош пример за сите, мора еднаш да се пресече, првата шанса е на 12 април, изјави во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија аналитичарот и новинар Сафет Бишевац.
Бишевац истакна дека Заев дојде на власт со слоганот „нема правда нема мир“, но не стигна правдата ниту се исполнија препораките на Прибе.
-Ако мислите дека правда е да градоначалникот на Шуто Оризари за серија кривични дела од противправно лишување од слобода, малтретирање физичко, на свој сограѓанин, на суд во било која држава може да помине со извинување и јавна опомена, а притоа да не му падне на ум барем како морален чин да поднесе оставка. Али Зоран Заев да не побара од својот градоначалник да понесе одговорност тоа го нема никаде во свет, потенцира Бишевац.
Тој додаде дека реформите во државата не се ни почнати, а најважно од се е функционирање на правото и законите во оваа држава, бидејќи и основата за економијата е правната сигурност.
Според него, дури и инвеститорите не доаѓаат заради правна несигурност, а младите не гледаат перспектива и визија од немањето правда.
-Клучниот проблем е иселувањето на младите, пострашно е што сме осми по одлив на мозоци. Ако ги видите причините за заминување на младите од државата во прв плaн не се само економските причини, не бегаат луѓето само заради примањата, многу поважно им е немањето перспектива визија за развој и немањето правда, нефункционирањето на правниот систем, немањето реформи во образованието Ја губиме основата, темелот на државата, младите кои своите семејства ќе ги градат надвор од државата Македонија ако продолжи овој пат ќе стане земја на стари луѓе, а тоа ужасна реалност. Изборите на 12 април се сериозна шанса за промена во општеството, нагласи Бишевац