вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Посебно тело во општина Кавадарци за собирање средства и донации

Посебно тело во општина Кавадарци за собирање средства и донации

Ревизијата имала забелешки за претходните спонзорирања на црквата од страна на Општина Кавадарци. Поради ова, на барањето од МПЦ Повардарска православна епархија за донација од 6.000.000 денари, по два милиона во три години, Советот на општина Кавадарци  на предлог на градоначалникот, едногласно заклучи  да се формира координативно тело од повеќе советници, кое во иднина ќе се заземе за понатамошни собирања на средства и донации.

-Заеднички да помогнеме на црквата и како Општина и како Совет, надвор од нашата институција Општина Кавадарци, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на вчерашната деветта по ред седница на Советот, појаснувајќи дека за сево ова претходно се искоординирале со правната и финансиската служба во локалната самоуправа.

Во барањето од Епархијата, се потсетува дека минатата година започна целосно возобновување и реновирање на најстарата црква во Кавадараци, „Св.вмч. Димитриј”. Повеќе од сто години оваа црква била единственото место каде православните верници ги исполнувале своите духовни, верски и молитвени потреби. Се вршеле венчавки, крштевки, погреби, посета на богослужби. Донацијата се бара за наредните три години, почнувајќи со оваа година.