Ева Мендес пред неколку дена сподели кратко видео во кое ја покажува новата боб фризура и неколку од нејзините нови креации. Речиси сите коментари на објавата се позитивни и полни со комплименти, но меѓу нив има и неколку кои се однесуваат на нејзината возраст.
Откако една девојка напиша „Таа старее“, Мендес ѝ возврати со стил.
„Во право си. Фала му на Бога што стареам. Тоа значи дека сè уште сум тука. Наскоро ќе наполнам 46 години и секој ден сум благодарна што стареам. Твојот коментар требаше да направи да се чувствувам лошо? Не направи да се чувствувам лошо. Се чувствувам благодарна. Па, фала ти што ме потсети дека сè уште сум тука“ – напиша Ева.