недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Катица пука со пиштол, затоа не го слуша телефонот“

„Катица пука со пиштол, затоа не го слуша телефонот“

На денешното рочиште за аферата „Рекет“ беа презентирани осум аудио снимки кои на ОЈО му биле предадени од сведокот Орце Камчев.

На првата снимка се слушаат гласовите на Јордан и Ана Камчеви како и гласот на Бојан Јовановски.

Во друг разговор Камчев го прашува Јовановски што, кога и како ќе добие како услуга која му се нуди од сега обвинетиот Јовановски.

– Во февруари тоа и тоа во март тоа, ти ја водиш играта ти кажи ми – му вели Орце Камчев на Боки 13.

На друг запис, се слуша како Јовановски вели:

– Катица пука со пиштол па веројатно затоа не го слуша телефонот. Еднаш неделно обвинителите од СЈО пукаат – објаснува Јовановски.

На друга пак аудио снимка, се слуша телефонски разговор меѓу Камчев и Јовановски.

– Имаш поздрав од женава – му вели Јовановски.

„Фала поздрави ја“, одговара Камчев.

Од страна на ОЈО денеска повторно беа презентирани видео снимки направени во домот на Орце Камчев. На снимките се гледа како Боки 13 прв излегува од куќата на Камчев, а зад него со торба „луј витон“ оди сега веќе осудениот Зоран Милески.

– Бидејќи доаѓам од медиумскиот свет, можам слободно да кажам дека ова е една груба аматерска монтажа – реагираше Бојан Јовановски.

За обвинетиот Јовановски, тоа биле нејасни приватни разговори и побара судот да не ги прифати како докази.

Реагираше и адвокатот на Јовановски кој рече дека не може да се разбере и утврди кој со кого разговара и снимките немаат поврзаност со обвинението.

извор: Слободен печат

Најнови вести