недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР останува број 1 портал во Македонија: Повторно доби златен медал за квалитет од QUDAL

КУРИР останува број 1 портал во Македонија: Повторно доби златен медал за квалитет од QUDAL

КУРИР останува број 1 интернет портал во Македонија. Според истражувањето на швајцарската агенција, Kurir.mk веќе шеста година по ред е интернет порталот кој нуди најголем квалитет. Во истражувањето е  оценето дека „Интернет страницата со содржина на македонски јазик Kurir.mк нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет меѓу сите интернет портали во Република Македонија“.

Повторно добивме златен медал за квалитет од QUDAL!

КУРИР го доби ова златно признание и за минатите две години. Во истражувањето на престижната швајцарска компанија, Kurir.mk e избран за интернет портал кој нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар и е добитник на престижниот КЈУДАЛ–Квалити меДАЛ 2018/2019. Kurir.mk освои најголем број гласови и го доби престижниот медал за „апсолутно највисоко ниво на квалитет во Македонија“ во неговата категорија.

Бидејќи нашата редакција напорно работи во служба на читателите, нивните гласови се нашата најдобра мотивација. Затоа, почитувани, уште еднаш можеме да го споделиме со вас нашиот успех.

Останавме најквалитетен портал и во новиот избор, за оваа година!

„Со задоволство Ве информираме дека Вашата компанија освои најголем број гласови во најмалку една од испитуваните категории во најновото истражување на пазарот за QUDAL – QUality meDAL General 2020/2021 спроведено во Македонија во јануари, 2020 година. Нашето најново истражување за QUDAL – QUality meDAL покажува дека пазарот во Македонија, исто како и преостанатите пазари во регионот, е се попребирлив и побогат со конкуренција, што само дополнително ја нагласува важноста на Вашата победа во Вашата пазарна категорија. Честитки за овој извонреден успех! Преку освојување на првото место во најновото истражување на пазарот за QUDAL – QUality meDAL, врз основа на гласовите од испитаните граѓани во Македонија, ги победивте Вашите директни конкуренти“-информираат од QUDAL – QUality meDAL.

Истражувањето за QUDAL – QUality meDAL( www.qudal.com), кое го спроведува меѓународната организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH, го мери исклучиво искуството, мислењето и перцепцијата на корисниците за снабдувачите и производителите кои нудат апсолутно највисоко ниво на квалитет на пазарот.

Швајцарската организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH (www.icertias.com) во јануари 2020 година го спроведе наведеното истражување на пазарот QUDAL – QUality meDAL General Macedonia 2020/2021 преку интернет-анкета.

Бројни почитувани меѓународни и локални компании гордо ја користат наградата од ICERTIAS во своите промотивни материјали. Тие се Allianz, Barilla, Bosch, Danone, GlaxoSmithKline, GREE, Heineken, Henkel, Hyundai, KAM, Kozuvcanka, McDonald’s, Nestlé, Procter&Gamble, SIXT, Sport Vision, Technomarket, Triglav, Unilever и многу други.

Швајцарската асоцијација за сертифицирање ИЦЕРТИАС е организација со седиште во Цирих која врши испитување на светскиот пазар преку иноватина методологија. Мерењата што ги врши оваа асоцијација се задржуваат само на 100% квалитет што го нудат компаниите.

Најнови вести