Четириесет и едногодишен мултимилионер од Велика Британија бара идеална кандидатка за брак која мора да исполни неколку услови. Меѓу останатото, треба со него да ги минува летата крстарејќи низ Медитеранот и да зимува на Алите.
Енди Скот од Портсмут вели дека сака да основа семејство, но не може да пронајде жена која ќе ги исполни условите што ги бара.
„Ќе бидам среќен дури откако ја пронајдам мојата сродна душа“, вели Енди.
Тој вели дека животот како бизнисмен во принцип значи осаменост и дека тешко може да најде некого со кого ќе го дели доброто и лошото во животот. Еве кои услови треба да ги исполнува неговата идеална кандидатка.
Треба да биде интелигентна, уникатна девојка која живеела интересен живот, која успеала во нешто, жена која не е родена со златна лажичка и која сама има постигнато нешто во животот. Покрај тоа, сака жена која води сметка за себе и за изгледот. Сака неговата идна сопруга да вежба пет пати неделно и да се гордее со изгледот. Потребна му е жена која не е зависна од социјалните мрежи, личност достојна за неговата доверба.
Таа мора да биде камелеон кој ќе се снајде во сите ситуации и која може да учествува и присуствува на гала настани, забави и слично. Потребна му е жена која може истовремено да биде сериозна и забавна како дете, гламурозна но и која знае да ужива во природа и прошетки, жена која сака да роди деца и која верува дека семејниот живот со деца може да биде богат со забави и авантури.
Енди Скот првиот милион го заработил на 26-годишна возраст. На 30 години загубил сè поради економската криза, но набргу повторно застанал на нозе и повторно заработил милиони.
Негова последна врска е со Лиз Меккларнон од Атомик Китен со која се запознал во 2016 година, но врската завршила во 2018 година бидејќи Лиз не сакала да лета со авион.
White out, no visibility and ski lifts closed. Luckily horse riding still an option ! @MorzineOfficial pic.twitter.com/NgjU8Oxh2L
— Andy Scott (@Andy_Scott_REL) January 28, 2020