вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВЕЌЕ НИШТО НЕ Е ИСТО: Златното момче од „Светот на бајките“ замина во легендите по само 8 часа откако ја одигра последната претстава (ФОТО)

ВЕЌЕ НИШТО НЕ Е ИСТО: Златното момче од „Светот на бајките“ замина во легендите по само 8 часа откако ја одигра последната претстава (ФОТО)

На вчерашен ден пред точно 20 години во легендите замина чудесното црвенокосо момче од светот на бајките кое ги освојуваше срцана на сите деца во минатото.

-Тажни и празни 20 години без Игор!   ✝️
(1969 – 20 февруари 2000)
Денес се навршуваат 20 години од смртта на златното чудесно црвенокосо момче од светот на бајките кое преку своите улоги во истата серија, приказните и други детски тв серии и претстави ги освои срцата на гледачите!
Малиот Петар, Рувен, принцот, могли – детето од џунглата и безброј други улоги кои останаа врежани во сеќавањата на најмладите за кои тој најмногу твореше!
Секогаш топлото и насмеано лице на Игор кое ветуваше многу како иден актер, трагично го напушти овој свет во триесет и првата година од неговиот живот!
Само по 8 часа од одигрувањето на неговата последна претстава “Убавицата и Ѕверот” згасна младиот живот на Игор!
Сцената без него не е иста!
Младата публика остана без својот принц од бајките!
Игор е брат на светскиот, а наш познат македонски музичар Зоран Маџиров кој во сообраќајна несреќа го загуби својот животот на 9 Мај, 2017 година.
Игор Маџиров останува запаметен и по една легендарна сцена со Раде Шербеџија во филмот Пред дождот на Милчо Манчевски.
Нека му е вечна слава и Бог да го прости!
Текст: Горан Марковски, стои во посотот на Фејсбук фан страната на легендарниот актер Ѓорѓи Колозов.

Најнови вести