Поради проблем со цевките, на снимањето на Американски идол дошло до испуштање на штетни гасови. Американската пејачка Кејти Пери се онесвестила поради овие гасови.
Снимањето во живо морало да биде прекинато. Кантри пејачот Лук Брајан и Лајонел Ричи кои заедно со Пери се во жирито на шоуто забележале чудна миризба на сетот.
-Ова не е шега, навистина испушта гас, и кажа Брајан на публиката.
Кога веќе биле евакуирани Кејти Пери рекла дека не се чувствува добро и се онесвестила.