недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лазаров: Владата само се обидува да ја продаде приказната дека растат платите и ги лаже граѓаните

Лазаров: Владата само се обидува да ја продаде приказната дека растат платите и ги лаже граѓаните

Во однос на статистиката и трендовите на просечната нето плата во последните две години има прилично забавување во растот на платите. Владата само прави фама и се обидува да ја продаде приказната дека растат платите, рече Дарко Лазаров од Комисијата за економски прашања на ВМРО-ДПМНЕ и професор на Економскиот факултет во Штип, на гостувањето на емисијата детектор на телевизија Сител.

Тој се осврна и на бројки кои покажуваат како растела минималната плата.

-Или во просек од 2006 до 2016 година, просечната нето плата растеше со 5,4 проценти годишно. Во овие две и пол години зголемувањето е помало за еден процентен поен или е 4,4 проценти. Стапката на раст на нето плата во 2019 година е 3,9 проценти значи уште помала и покажува дека и покрај преземени сет мерки како зголемување на минимална плата не ги даде очекувањата. Зголемувањето треба да е одраз на раст што не е случај во Македонија, посочи Лазаров.

Според него мерките и политиките треба бидат насочени сосема поинаку, односно треба системска поддршка на економијата во насока на зголемување на нејзината продуктивност, а со тоа и на платите.

Најнови вести