сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сакал да докаже дека Земјата е рамна плоча, па загинал во сопствената аматерска ракета (ВИДЕО)

Сакал да докаже дека Земјата е рамна плоча, па загинал во сопствената аматерска ракета (ВИДЕО)

Мајк Хјуз, приврзаник на теоријата дека Земјата е рамна плоча, загина во саботата додека ја лансирал ракета што ја направил самиот, јави Си-Ен-Ен.

„Нашите мисли и молитви одат во семејството на Мајк Хјуз, како и на пријателите за време на ова тешко време за нив. Неговиот сон беше секогаш да го започне ова лансирање, а Science Channel беше таму за да го сними патувањето“, се вели во соопштението на Science Channel.

Discovery Channel известува дека Хјуз требало да лансира ракета од дома како дел од серијата „Homemade Astronauts“.

Целта, според каналот Discovery, била да се направи ракета што ќе оди стотици километри во висина, до самиот раб на универзумот.

Хјуз, патем, е познат по тоа што верува дека Земјата е рамна плоча.

Тој се надевал дека ќе ја докаже својата теорија со одење во вселената, пренесува BBC.