понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нивоата на реките преполовени, Сатеска пет пати пониска од мартовскиот просек

Нивоата на реките преполовени, Сатеска пет пати пониска од мартовскиот просек

Сите реки кај кои денеска се извшрени хидролошки мерења, покажуваат вредности далеку под месечниот просек.

Според УХМР, водостојот на Сатеска кај Ботун е пет пати понизок во однос на просечниот за март, додека Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село и Црна кај Новаци се три пати намалени.

Двојни снижувања на нивоата се забележани на Вардар кај Јегуновце и Велес, на Лепенец кај Скопје и Крива Река кај Крива Паланка.

Снижени вредности на нивоата се регистрирани и кај езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското.

Најнови вести