недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовски: Не се знае кој од вас следен ќе му стапне на нога на „шефо“, ги повикувам сите медиуми утре со мене да застанат пред судот каде ќе дадам изјава

Митовски: Не се знае кој од вас следен ќе му стапне на нога на „шефо“, ги повикувам сите медиуми утре со мене да застанат пред судот каде ќе дадам изјава

Вистината е како шило… Можете да не тужите, судите, неправедно обвинувате ама нашиот производ е вистината, тоа е она кое Инфомакс го нуди на пазарот, ние не знаеме како да работиме да ви го сокриеме валканот веш, ова преку статус на својот Фејсбук профил го сподели Александар Митовски, новинар во Инфомакс.

-Ние не сме од оние кои што ќе ви зборат по митинзи, кои ќе ви кажат топ си шефе, многу или малку си му земал…Утре ме чека ново судење, судење за оддавање службена тајна иако во мојот живот никогаш не сум бил вработен во обвинителство, суд или било која друга правосудна институција.

Причината е наводно објава на исказ на оштетениот во случајот „Рекет“. Ама реалноста е дека јас сум во суд, бидејќи Орце Камчев во моментот кога давал исказ пред судот сметал дека Зоран Заев е оној кој ги предупредил Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец дека рекетот е пријавен, како што впрочем и пред некој ден потврди најбилскиот соработник на екс премиерот Бојан Маричиќ.

Ги повикувам сите медиуми и медиумски работници утре барабар со мене да застанат пред судот каде по завршувањето на рочиштето кое започнува во 11:30 часот ќе дадам изјава. Бидете тука бидејќи не се знае кој од вас следен ќе му стапне на нога на „шефо“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести