петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Давидовиќ: Законот за Судски совет е „мртов збор на хартија“ којшто не се применува

Давидовиќ: Законот за Судски совет е „мртов збор на хартија“ којшто не се применува

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ за Извештајот на ЕК во однос на судството, адвокатот Звонко Давидовиќ нотираше дека во случаи каде на суспендиран судија на кој не може да му се врачи мерка притвор, а тој се уште е судија со продолжен работен век, не можеме да зборуваме за напредок во судството, законот за Судски совет е „мртов збор на хартија којшто не се применува“.

Во однос на случајот со судијата каде е наведен во Извештајот на ЕК, истиот беше времено суспендиран од Судскиот совет, а имаше мерка притвор, па дури му беше продолжен работниот век до 67, а Основниот суд во Скопје не можеше да му врачи покана затоа што господинот Мустафа Шаќири не се јавува на двете адреси, а во Извештајот беше споменат како позитивен пример, а тој формално е се уште судија и постапката против него не може да почне.

-Како може да е позитивно кога имаме отпочнато кривични постапки против луѓе за кои имаме докази, ако ние сме задоволни за отпочнување само од некои кривични постапки, ние не можеме да зборуваме за правосуден систем, вели Давидовиќ.

Тој истакна дека ако сме ние задоволни што претседателот на овој Судски совет смета дека и членовите треба да имаат одговорност, ние не можеме да зборуваме за правен систем.

Давидовиќ образложи дека и во претходниот Извештај претходно се образложуваа предметите како „Јустиција“ каде што не само што не им беше одземен имунитетот на судиите коишто се повикаа на истиот, Судскиот совет по налог на судија на Основниот суд ги суспендираше судиите, навивачки предметот беше префлен дури во Битола.

-Овде имаме ситуација каде член на Судски совет не добива позитивно мислење за притвор,иако е предложена мерка притвор, другиот судија е суспендиран, ама не може да му се врачи покана и му е продолжен работниот век до 67 години, и ние зборуваме за напредок ? – праша Давидовиќ.

-Ако се сетите на Извештајот претходен, па и извештајот на Советот на Европа токму потенцираше дека начинот на унапредување, начинот на избор, разрешување и казнување мора да се смени. Што е сменето, стручниот соработник во судски совет, обвинител што се закани на Кривичен совет во Апелациониот суд, а никаде не е повикан на одговорност? Каков напредок е тој кога генерално законот е „мртов збор на хартија кој што не се применува“, вели адвокатот Давидовиќ.

Давидовиќ вели дека бил срамен изборот во Апелациониот суд и тоа не е напредок.

Најнови вести