среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Карпош и Ѓорче Петров утре ќе останат без струја

Делови од Карпош и Ѓорче Петров утре ќе останат без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.03.2020 година (петок) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците од улиците Роберт Кох бр.1, Драгиша Мишовиќ бр.5 и бр.7, Карпошово Востание бр.4 и бр.8, Огражден бр.97, Никола Русински бр.4 и објектот на детската градинка Орце Николов. (општина Карпош)

– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Лука Геров – подулици бр.17 и бр.19. (општина Ѓорче Петров)

– во периодот од 11:30 до 13:00 часот, корисниците од улиците Милан Поповиќ, Мирка Гинова, бул. Илинден бр.97 и објектот на детската градинка Росица. (општина Карпош)

– во периодот од 13.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. Орце Николов бр.155 и бр.156. (општина Карпош)