сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АВМУ: Изрекувањето затворски казни за новинари може да доведе до појава на нарушување на слободата на информирање

АВМУ: Изрекувањето затворски казни за новинари може да доведе до појава на нарушување на слободата на информирање

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во врска со шестмесечната условна затворска казна за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски поради оддавање службена тајна.

-Изрекувањето затворски казни за новинари кои информираат за теми од висок јавен интерес може да доведе до појава на автоцензура, а со тоа и до нарушување на слободата на информирање, слободата на изразување, но и на поширокиот јавен интерес. Агенцијата потсетува дека една од суштинските задачи на медиумите е токму јавниот надзор над работата на политичките и јавните органи преку кој се гарантира нивната одговорност и транспарентност. Истовремено, потсетуваме дека медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди, информираат од АВМУ.

Најнови вести