среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Палењето и фарбањето на билборди е само доказ дека СДСМ се во страшна паника и не сакаат граѓаните да ја видат реалноста

Ѓорѓиевски: Палењето и фарбањето на билборди е само доказ дека СДСМ се во страшна паника и не сакаат граѓаните да ја видат реалноста

СДСМ се исплашени од пораз како никогаш до сега. Како наближува 12-ти април, така расте и нивната нервоза. Палењето и фарбањето на билборди е само доказ дека се во страшна паника и не сакаат граѓаните да ја видат реалноста. Полицијата потврди дека билбордот во Ѓорче Петров е уништен од активист кој може често да се забележи во друштво на Зоран Заев, да се забележи во друштво на Оливер Спасовски и да се забележи исто така во друштво на Стево Пендаровски, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Уништувањето приватен имот е казниво, а додека Заев се крие зад политичкиот имунитет, неговите послушници се соочуваат со санкции. Ова се очајни обиди за спас од одговорност. Промена на власта ќе има, а Зоран Заев ќе мора да одговара. Со ваквите негови насилнички одлуки само вовлекува дополнително и други луѓе. Колку и да се трудат не можат да ја сокријат вистинската слика за нив и за Зоран Заев. Криминалот, корупцијата и рекетот кои ги прави оваа власт не може а, да не бидат видени од јавноста во Република Македонија, рече Ѓорѓиевски и додаде:

„Ниту бојадисувањето на билборди, ниту пак нивното палење нема да ја сменат реалноста дека Зоран Заев знаел за милионскиот рекет кој се случувал цела година и дека токму со негова закрила се ограбувале и пљачкале луѓе низ Република Македонија. Сторителите на вандализмот, но исто така и нивните нарачатели треба да знаат дека одговорност ќе има. Ќе одговараат и тие што ги палат билбордите, но истовремено ќе одговараат и нивните наредбодавачи“.

Уште еднаш, подвлекува тој, апелираме до сите здраворазумни активисти од СДСМ кои што се излажани токму од Зоран Заев и криминалната дружина околу него да не наседнуваат на местенките од страна на фамилијата на власта.

-Додека врхушката ја изрекетира цела Македонија и си ги пушти децата на школување во странство, тие тука се принудени да прават кривични дела само за да го спасуваат Зоран Заев. Никој нека не се лаже дека ќе остане неказнет. Одговорност ќе има за сите до еден.

Најнови вести