понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Бараме одговорност за односот на директорот на училиштето бидејќи правото на протест е основно човеково право загарантирано со устав

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Бараме одговорност за односот на директорот на училиштето бидејќи правото на протест е основно човеково право загарантирано со устав

Запрепастени сме од настапот на директорот на средното училиште „Коле Нехтенин” кој со закани сака да го спречи најавениот протест на средношколците поради укинување на организираниот превоз и без трошка срам и вели дека е забрането малолетници да протестираат и ако протестираат ќе бидат казнени со 500 евра, ова денеска преку прес-конференција за јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

Снимка од заканите на Директорот осамна ова утро на неколку интернет портали,а и ние би сакале да ја презентираме со цел сите граѓани да слушнат како локалните фунцкионери на СДС кои треба да ги учат учениците на принципи и вредности, им се закануваат бидејќи нивната партија носи погрешни одлуки на штета на младите. Бараме одговорност за ваквиот однос на Директорот на училиштето бидејќи правото на протест е основно човеково право, загарантирано со устав и никој нема право да го ускрати. Ги повикуваме и  сите надлежни институции да реагираат на овие притисоци кон средношколците кои се спротивни на сите мегунарадни стандарди за изразување и мирен протест. Вака не треба да се постапува со иднината на нашата земја,но очигледно е  дека локалните фунционери на СДС се во паника поради извесниот пораз кои им следи на 12 април,па не разликуваат партиски штаб од училиште, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

Тие додаваат дека со закани и притисоци нема ништо да постигнете, младите се авангарда и наскоро ќе се уверите во тоа. По 12 април доаѓа правда за сите,и ќе има одговорност!