Празнењето на Дебарското Езеро може да доведе до еколошка катастрофа и риболовците со апел до владата и државната ЕЛЕМ да престане користењето на водите од ова езеро за производство на струја.
Спортските риболовци со апел до владата и државната ЕСМ да престане користењето на водите од Дебарското Езеро за производство на струја, бидејќи на ова вештачко езеро паѓа.
Алармираат дека празнењето на Дебарско може да доведе до еколошка катастрофа и уништување и на така осиромаштениот рибен фонд во него, велат тие.
Риболовците бараат да се престане со економска експлоатација на дебарското езеро за производство на електрична енергија, бидејќи ќе се наруши целиот еко систем, а тоа ќе предизвика несогледливи последици кои не ќе можат да се санираат наредните години.
Водостојот на Дебарското Езеро да се одржува на дозволено и безбедно ниво, бидејќи во моментов, ова вештачко езеро нема хидропотенцијал.
-Вообичаено на сите приодни и вештачки езера е најнизок во месец април. Што ќе се случи до тогаш со дебарско кога нивото на езерото и сега е критично, вела рибарите.
Тие посочуваат дека ќе се нарушат природи мрест, на крапот, кленот, живиот мрест започнува во април, а ќе се загрози и опстанокот на рибата која единствена во Дебарското езеро, а станува збор за главатица која е вид на пастрмка.
Загриженост изразуваа и концесионерот за спортски риболов на езерото.