вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Наместо професионалци, во АНБ се вработуваат лица со кривични пријави, обвиненија и лица кои отслужувале затворски казни

Наместо професионалци, во АНБ се вработуваат лица со кривични пријави, обвиненија и лица кои отслужувале затворски казни

Елиминираните кандидати за Агенцијата за национална безбедност, вели припадник на УБК – гостин во вечерашната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, не беа одбиени заради безбедносен ризик, туку со злоупотреба на инструментот за оценување и давање на ниски оценки кои што никогаш не им беа соопштени на лицата кои беа оценувани.

-Во однос на безбедносниот ризик, може да истакнам повеќе примери каде што им беше направена неправда на повеќе професионалци во Управата за контраразузнавање. Според изјава на Оливер Спасовски, после селекцијата, дека по проверките констатирано е постоење на безбедносен ризик кај 50-тина припадници на УБК, кои што според законот за АНБ треба да го напуштат МВР. Но, нашите сознанија говорат дека на крај, на нејасен начин, од 50 констатирани ризици останаа помалку од 10. И ние се прашуваме каде исчезнаа 40-тина лица со безбедносен ризик. Може да наведам и неколку примери, лице вработен во УБК професионалец со соодветно образование, со обуки од меѓународни западни фактори, е елиминиран поради ситна кражба во младоста пред околу 25 години. А за разлика од него, превземен во АНБ е работник од Управата кој во моментот против него има повеќе кривични пријави, има обвиненија или лица кои отслужувале затворски казни и лица чии блиски членови од семејството се вклучени во сериозен организиран криминал. Тука може да го спомнам и Јовче Ременски чија сопруга Фросина е осомничена за големиот криминален скандал „Рекет“, посочи анонимниот гостин и припадник на УБК.

Најнови вести