Од 17:00 часот е воведена забрана за движење за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово- Дебар. Врнежи од снег се бележат во Маврово, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.